Град Скопје апелира да не палат огнови на Бадник

Коледарски огнови/Фото: Архива на СП

Во изминативе две години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните.

Град Скопје денеска преку соопштение ги повика граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божиќните празници, со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух.

Од Град Скопје посочуваат дека апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решиле да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.

Во изминативе две години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните. Оваа градска управа воспостави целосно нов систем за елиминација на огновите на отворено кои граѓаните можат да ги пријавуваат на телефонската линија 193. Така, во 2018 година се изгаснати 251 оган на отворено, а во 2019 година – 273. Оваа активност Градот Скопје ја продолжува и оваа година, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот