Говор на омраза на социјалните мрежи по повод трагичната смрт на д-р Трајче Нешковски

Злобни коментари се нижат на Фејсбук поради партиската определба на Нешковски.

Социјалните мрежи се исполнети со говор на омраза по смртта на пулмологот Трајче Нешковски кој почина вчера попладне, откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.

Злобни коментари се нижат на Фејсбук поради партиската определба на Нешковски. Во текот на вчерашниот ден, речиси сите сопартијци се простуваа со својот пријател на Фејсбук и Твитер, меѓу нив и премиерот, повеќе министри, како и министерот Филипче кој напиша дека е секогаш ќе биде горд на Нешковски.

Коментарите се крајно нечувствителни: „еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“, „пијан бил“, „не е од нашата земја“…

Нешковски почина на 32 годишна возраст. Тој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле. Веднаш по страотната сообраќајка со амбулантно возило тој бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде и починал.

Пулмологот Нешковски зад себе остави двегодишна ќеркичка.

Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот