Заев со сочувство за починатиот Нешковски: Тажно е кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук упати сочувство до фамилијата и пријателите на пулмологот Трајче Нешковски кој денес почина во тешката сообраќајка на улица „Рузвелтова“.

„Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина.

Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.

Почина поранешниот секретар на СДММ, докторот Трајче Нешковски

Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.

Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија.

Почивај во мир драг Трајче.“, напиша Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот