Ѓорѓиев: Играме светска одбојка

фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев повторно одигра одличен натпревар и ги предводеше соиграчите со големата победа над Турција која ни донесе пласман на Европското првенство. Ѓорѓиев со 24 поени беше најдобар во триумфот на Турција од 3:1 што претставува реваш за идентичниот пораз на првиот квалификациски турнир.

– Ние одбојкарите остануваме постојано заедно, секој ден ни служи за анализа за играта. На пријателските натпревари послабо играме бидејќи ни е потребно време за да дојдеме до посакуваното ниво. Игравме слабо со БиХ на почетоко, се подобривме со Турција и потоа игравме се подобро за денеска да бидеме одлични. Игравме светска одбојка.  Македонската јавност ќе има спортско лето, фудбалерите ќе играат на ЕП, ние сме на ЕП исто така, посакувам успех на ракометарите, а посакувам и Емил Павлов да обезбеди пласман на Олимписките игри – вели капитенот Ѓорѓиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот