Големо признание за Емил Рајковиќ: Македонецот ќе биде тренер на „ол-стар“ мечот на ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ сезонава не знае за победа со руската ЦСКА Москва во ВТБ лигата каде има максимални 24 бодови.
Веднаш зад ЦСКА Москва на втората позиција во ова натпреварување е Уникс Казан (21-3) на нашиот репрезентатицец Ненад Димитријевиќ.
Рајковиќ ја доби честа да биде тренер на „ол-стар“ натпреварот во ВТБ лигата во која ја има најдолгата низа без пораз. На овој „ол-стар“ меч ќе биде и Димитријевиќ кој исто така покажува одлични игри во дресот на Уникс Казан.
Димитријевиќ ќе биде дел од тимот на „Њу Скул“ предводен од Рајковиќ, а во составот ќе бидат и Џастин Роберсон (ПАРМА-ПАРИ), Џејлен Барфорд (Локомотив Кубањ), Данаил Касаткин (МБА), Дерил Мејкон (УНИКС), Самсон Руженцев (ЦСКА), Сергеј Карасев (Зенит), Антон Астапкович (ЦСКА), Андреј Лопатин (МБА), Никола Милутинов (ЦСКА), Андреј Мартјук (Локомотив Кубан) и Малик Њумен (Автодор).
На спротивната страна за тимот на „Олд Скул“ ќе биде тренерот на Димитријевиќ и Уникс Казан, Велимир Перасовиќ. Овој спектакл како што најавуваат од ВТБ лигата ќе се одржи на 19 февруари.