Ѓоковиќ: Како лов на вештерки, мора некое големо име да биде главниот виновник!

twitter/ATP Tour

Најдобриот светски тенисер во интервјуто за „Спортски журнал“, вели дека и натаму не знае дали ќе игра на „УС Опен“.

Новак Ѓоковиќ потврди дека сигурно не игра во Вашингтон, а во план е Синсинати. Учеството на „Ролан Гарос“ е сигурно, а ги планира уште Мадрид и Рим. Според Ноле новиот начин на бодување е коректен.

Го сакаше најдоброто, а доби критики како да го сакаше најлошото. Новак Ѓоковиќ во намерата да помогне на многумина преку „Адриа тур“, но дојде до прекин во Задар (Хрватска) поради позитивните тестови на Ковид-19 на учесници на оваа турнеја, вклучувајќи го и Ѓоковиќ кој подоцна се опорави од вирусот, дојде до нов бран на лавина критики кон српскиот ас.

Откако доби негативен тест, тој повторно тренира на своите терени во Дорчол. Партнер му е Виктор Троицки, а главна тема е неправедниот третман кој го имаше во светските медиуми после прекинот на „Адриа тур“.

Во последно време гледам само критики, многу злонамерни. Очигледно дека постои нешто повеќе од таа критика, како да има агенда, како да е лов на вештерки. Некој мора да падне, некоја личност, некое големо име да биде главниот виновник за сè – рече Ѓоковиќ.

Имаше свој коментар и за „Адриа тур“:

Мојата намера беше чиста, од срце сакав да организирам хуманитарен турнир и да помогнам на федерацијата и регионалните федерации и играчи, бидејќи чувствувам потреба како водечки тенисер на светот да направам нешто доколку имам можност. Ги следевме сите прописи и закони, не прекршивме ништо, сè беше препорачано. Секојдневно контактиравме со Владата на Србија. Дали некои работи можеле да изгледаат поинаку? Веројатно да, но се обидовме да го направиме најдоброто што можевме во тој момент. Од тоа треба да се извлечат поуки, не само од „Адриа тур“, туку и од егзибицискиот турнир во Атланта и да се утврди она што е најдобро за следниот чекор, за нас колективно како тенис – додаде Ѓоковиќ.

Тим го брани Ѓоковиќ: Новак на „Адриа тур“ не прекрши ниту еден закон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот