Тим го брани Ѓоковиќ: Новак на „Адриа тур“ не прекрши ниту еден закон

Тим и Ѓоковиќ на Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Третиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим, кој беше дел од „Адриа тур“ не ги разбира критиките упатени кон Новак Ѓоковиќ.

Австрискиот тенисер во интервју за весникот „Тирол Тагесцајтунг“ изјви дека не разбира зашто сите го напаѓаат Ѓоковиќ поради тоа што се случи на „Адриа тур“.

– Новак не прекрши ниту еден закон. Тоа мора да биде јасно кажано. Бев сега и во Ница, видов слики и од други градови и итаму не беше ништо поинаку од турнирот во Белград. Зашто го критикуваат само Ѓоковиќ – вели Тим.

Австриецот застана во одбрана и на уште еден тенисер кој се најде на удар на критиките, Александер Зверев.
– Него го третираат како да е ученик во основно училиште, но тоа е човек од 23 години. Да, направи грешка но не разбирам зашто сега сите се мешаат и го напаѓаат – потенцира Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот