АТП воведе нов систем на рангирање

twitter.com/theusapost21

АТП објави дека новиот ревидиран систем на рангирање на тенисерите ќе ги земе во предвид резултатите од март 2019 година до декември 2020 година.

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) конечно го објавни начинот на кој тенисерите ќе се рангираат кога ќе продолжи сезоната со турнирот во Вашингтон на 14. август.

АТП објави дека во рангирањето на тенисерите ќе се земаат во предвид остварените резултати во период од 22 месеци, од март 2019 до декември 2020 година.

Доколку тенисерот оствари послаб резултат на турнирот отколку во претходната година, ќе му се брои подобриот скор. Тоа значи дека ниту еден тенисер нема да има помалку бодови во однос на листата која беше замрзната во март по избивањето на пандемијата на коронавирусот, туку само може да напредува.

Тоа значи дека доколку Рафаел Надал одлучи да не игра на УС Опен или пак биде елиминиран во раната фаза, ќе ги задржи бодовите од минатата година, дури 2.000 кои ги доби за триумфот.

Доколку турнирот биде откажан или не се одржи, на тенисерите нема да им се одземаат бодови од настапот од претходната 2019 година.
Со новиот начин на бодување АТП сака да обезбеди подеднакви услови за сите тенисери, а тука спаѓаат и тие кое ќе одбијат да играат на одредени турнири поради страв за сопственото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот