Ѓоковиќ е најкомплетен тенисер во историјата

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Аргентинецот Давид Налбандијан се пензионира пред шест години и сега работи како стручен аналитичар за неколку јужноамерикански и шпански медиуми. Тој пред стартот на Ролан Гарос ги анализираше тројцата најдобри тенисери на денешницата, Новаќ Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.

– Новак е комплетен тенисер. Сервира многу подобро отколку што луѓето мислат, а се движи на неверојатен начин. Кога му оди добро нема падови во играта, нема ниту една слаба точка и не знаеш како да играш против него. Нема никакви слабости во играта и според мене тој е најкомплетен тенисер во историјата. За неговите квалитети зборува опдатокот дека има подобар меѓусебен скор со Федерер и Надал – вели Налбандијан.

Поранешниот трет тениски рекет, ја открива една од најголемите слабости во играта на Надал.
– Надал е поинаков играч кога игра на подолги поени, а сосема друг е кога се кратки поените. Играчите со одличен дворачен бекенд можат да се носат со неговото најсилно оружје, форхендот – открива Налбандијан.

Тој исто така објасни зашто Роже Федерер стана еден од најдоминантните тенисери во историјата.
– Мислам дека Роже еволуираше кога бекендот му стана константен. Беше одличен тенисер кога беше 5,6 на АТП ранг листата но се мачеше со бекендот. Во 2003 година на турнирот во Хјустон, приметив дека го стилот на бекенд ударот. Потоа до крајот на годината загуби на само два меча – рече Налбандијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот