Го пронашла ЕЛИКСИРОТ на животот: БАБА спиела со повеќе од 200 МОМЧИЊА – Сексот со помлади од 30 е тајната за вечната младост!

профимедиа

Бабата која спиела со повеќе до 200 ликови тврди дека сексот со млади мажи е толку добар што излегува со неколку од нив истовремено, а секој кој поради тоа ја критикува го нарекува едноставно љубоморен.

Госпоѓата се вика Гајнор Еванс и има 57 години, а со младите момчиња започнала да излегуваа пред 10 години откако се разделила од својот втор сопруг. Тогаш започнала да се гледа со 23 годишно момче и се вљубила во сексот со млади.

Очигледно заклучила дека во сексот со младите се крие тајната на вечната младост, па затоа вели дека повеќе не легнува со постари од 30 години.

Пума жена која излегува со помлади мажи

Јас сум една од најотворените пуми кои постојат. Не дека се фалам, но знам дека тоа не е животен стил наменет за секого. Но, јас не се каам!“, вели таа.

„Нема никој да ме спречи бидејќи тоа е моја одлука која го збогатува мојот живот. Никогаш не сум имала посилно либидо и поради тоа моментално излегувам со тројца мажи истовремено“.

Гајнер е инаку мајка на четири деца кои ја почитуваат нејзината одлука да излегува со луѓе помлади од нив. „Јас сум постара жена која го напушти конвенционалното, многу сум необична. Иако речиси имам 60 години, се чувствувам како да имам 30“.

„Не ми паѓа на памет да губам време размислувајќи за тоа што луѓето мислат за мене бидејќи имам супер секс со 25-годишни“, потврди таа.

За старите партнери треба да се грижиш

„За постарите партнери треба да се грижиш, а младите едноставно уживаат во животот. Поради нив се чувствуваш како да можеш да го допреш небото. Освен тоа, постарите мажи неретко излегуваат со помлади жени“.

Некогаш живеела конвенционален живот

Но, Гајнор не била отсекогаш пума. Кога имала 18 години се омажила за својот сопруг. Му родила три деца, а од него се развела по 10 години брак.

Повторно се омажила во 1987 и тоа за маж кој од неа бил помлад 10 години. И таа врска се распаднала па во своите 40-ти години останала повторно соло.

„За првиот сопруг се омажив млада и ниеден од нас не знаеше што точно правиме. Кога го запознав вториот сопруг бев самохрана мајка на три деца, а тој беше 10 години помлад од мене. Бев премногу зафатена и едноставно се одалечивме еден од друг“.

По два брака целосно ја изгубив вербата во таков начин на живот. Да се биде сам на 40 години е голем шок, морав да го променам начинот на кој размислувам за светот. Бев преплашена, непрекинато, како позрела жена, се борев со самодовербата“.

Ја промениле излегувањата со ќерките

Таа навлегла во ваквиот начин на живот благодарение на излегувањето со своите ќерки (38 и 39 години) и сфатила дека им се допаѓа на мажите. „Започнаа да ме привлекуваат помлади мажи. Најпрво мислев дека се само пристојни, а потоа сфатив дека им се допаѓам. Беше тоа искуството на мојот живот“.

„На крајот се одлучив за еден 23-годишен партнер. Сексот со него беше нешто најдобро што можев да го направам за себе. Ме обожаваше, а мене тоа признавам дека ми годеше. Потоа не можев да се вратам на старци“.

Веднаш потоа отворила профил на апликација за запознавање за постари жени кои бараат секс со млади мажи – таканаречени пуми. Сексуалниот живот и е фантастичен па поради тоа истовремено излегува со неколку партнери истовремено.

„Никогаш не сум имала лошо искуство во кревет со млади луѓе, а една од причините зошто немам моногамен однос е и тој што мислам дека тие не би ми биле верни“, сепак признава таа.

Медиумите одамна се запознаени со нејзината приказна, а таа досега има дадено и неколку интервјуа, едно од нив може да го прочитате ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот