ГО ИЗГУБИЛА СИНОТ 3 ЧАСА ПО ПОРОДУВАЊЕТО: Тогаш решила да им помогне на СИТЕ МАЈКИ! Го собирала своето МЛЕКО и го донирала (ФОТО)

фејсбук

Сиера и Ли одлучиле да ја „истуркаат“ бременоста докрај и да поминат малку време со својот син кој пристигнал два месеци пред терминот, а починал само три часа по породувањето. Му го дале името Самуел Ли.

фејсбук

Своите тешки моменти ги споделила на Фејсбук, а објавата собрала илјадници лајкови, споделувања и коментари.

„Кога дознав дека повторно сум бремена, најголема желба ми беше успешно да дојам. Но, кога ја дознав дијагнозата на Самуел, јасно ми беше дека тоа ќе биде невозможно. Пред да нè напушти Самуел, си ветив дека ќе го донирам млекото. Ќерка ми Портер пиеше донирано млеко уште во првите 6 месеци. Не можев да го спасам Самуел, но затоа можам да спасам некое друго бебе“, напишала таа.

Сиера го собирала млекото 63 денови, собрала 14 литри и успеала во намерата да им помогне на жените кои не можат да дојат.

фејсбук

„Собирањето млеко не беше најубаво чувство, тешко беше… Физички и психички. А уште потешко е кога немате бебе. Имаше моменти кога бев лута и помислував зошто воопшто ми се создава млеко кога немам бебе кое можам да го нахранам? Зошто се будам насред ноќ поради ова? Друг дел во мене се чувствуваше како тоа да е единствената работа која ме поврзува со Самуел. Сигурна сум дека е горд на мене“, вели мајката.

фејсбук

„На денот кога по правило Самуел требаше да се роди – го донирав млекото во банка за млеко во Америка – прв и последен пат. Одењето по ходниците на болницата беше уште еден чекор во лекувањето. И знам, почувствував дека Самуел беше таму со мене.“

Сиера и Ли го подигнуваат нивото на свеста за трисомија 18 и се надеваат дека нивното искуство ќе ги научи другите и ќе им користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот