Ѓорѓиевски: Трговците имаат огромни маржи, а производителите одвај преживуваат

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски/Фото: Лична архива

Претседателот на Агрокомората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски кој е и сопственик на компанијата за пекарски производи и слатки „Специјал“, вели дека е добро што конечно Владата видела дека проблемот со високите цени е кај трговците, ограничувајќи ги маржите, но дека производителите повторно се маргинализирани.

– Да, маржите се ограничија, но за кого?  За трговците на големо и на мало. Повторно производителите се изоствени со мерки. Ограничувањето на маржата  до 5 проценти на продажната цена во трговијата на големо и до 10 проценти во трговијата на мало ја откри вистината колкави се маржите во трговијата. Големите трговски ланци имаат маржи од 20, 25, па и 30 проценти. Производителите пак, имаат маржа од одвај 2-3 проценти. Затоа, ако се погледаат финансиските извештаи на трговските синџири тие имаат огромен раст и приходи, а ние производителите одвај преживуваме – изјави за „Слободен печат“, Ѓорѓиевски.

Тој вели дека сепак се надева оти работите ќе се средат.

– Министерот за економија најави закон за нефер трговски практики. Го очекуваме тој закон и се надеваме дека со него многу работи ќе се регулираат – рече Ѓорѓиевски.

Владата вчера информираше дека се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.

Оваа одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот