Ѓорѓиевски: Тоа што вчера го почнавме не е маркетинг, „генералката“ ќе продолжи секој ден
Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Уште вчера, од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник ја започнавме генералката за чистење на градот, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје.
Препорачано
Ѓорѓиевски порача дека тоа нема да биде само 72 часовна акција – тоа ќе продолжи во континуитет, секој ден.
– И ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може. Тоа, всушност е наша обврска, за тоа граѓаните нѐ плаќаат. Чистиот воздух, почитувани, многу зелени површини и решенија за отпадот се темелите на еден здрав град. Скопје мора да стане лидер во еколошките политики, со конкретни и видливи резултати – додаде тој.
СДСМ: Скопје со месеци се давеше во ѓубре за Орце Ѓорѓиевски да прави пи-ар
Претходно, опозициската СДСМ обвини дека Скопје со месеци се давеше во ѓубре за Орце Ѓорѓиевски да прави пи-ар.
– Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери – реагираат од СДСМ.
На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа во 20:30 часот започна големата акција за чистење на Скопје што ја најави новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Присутни беа повеќе од стотина работници, кои имаа задача да го соберат отпадот, да ги изметат и исперат улиците, како и да ги расчистат запуштените простори во главниот град. Кај комуналците дојде и премиерот Христијан Мицкоски.
ВИДЕО/ФОТО: Скопските комуналци се собраа кај „Борис Трајковски“, почнува тридневната „генералка“


