СДСМ: Скопје со месеци се давеше во ѓубре за Орце Ѓорѓиевски да прави пи-ар
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која „изникнаа“ глодари, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, реагираат од политичката партија СДСМ.
Препорачано
– Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери – се вели во соопштението.
Од СДСМ велат дека Скопје и скојани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за пи-ар употреба.
На платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа во 20:30 часот започна големата акција за чистење на Скопје што ја најави новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Присутни беа повеќе од стотина работници, кои имаа задача да го соберат отпадот, да ги изметат и исперат улиците, како и да ги расчистат запуштените простори во главниот град. Кај комуналците дојде и премиерот Христијан Мицкоски.
„Скопје повеќе нема да живее во запуштеност, туку во град достоен за своите граѓани. Почнуваме веднаш – со чистење, ред и дисциплина“, порача вчера Ѓорѓиевски.
ВИДЕО/ФОТО: Скопските комуналци се собраа кај „Борис Трајковски“, почнува тридневната „генералка“


