Ѓорческа со триумф стартуваше на новиот турнир во Порто
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа почна со победа на ИТФ 50 турнирот во Порто, Португалија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Препорачано
Ѓорческа во првиот меч од турнирот „главен костур“ ја победи Швајцарката Илена Ин-Албон со 2:0 во сетови (6:2, 6:3) за 76 минути игра.
Во првиот сет нашата тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови.
Вториот сет имаше поинаков тек, а тенисерката од Швајцарија направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше серија од четири освоени гема за водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3.
Во следното коло противничка на Ѓорческа ќе биде Германката Настасја Шунк, која со 6:2 и 6:1 ја совлада Португалката Миља Секуеира. Мечот ќе се игра во четврток.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
35мин
-
39мин
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


