Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа со пресврт до триумф над Риналдо Персон во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:2) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож, Словенија, што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло со пресврт стигна до победата против Кајса Риналдо Персон од Шведска.

Првиот сет ѝ припадна на противничката со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, откако противничката поведе со 1:0, а македонската тенисерка направи серија од четири гема што ѝ овозможи убава предност и се избори за решавачки сет.

Во третиот сет Ѓорческа поведе со 4:0 во гемови и сетот го заврши со 6:2.

Мечот траеше 100 минути, а се играше и под рефлектори бидејќи поради лоши временски услови почетокот на мечевите доцнеше.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе биде Катарина Заватска од Украина чиј меч е закажан за в петок од 10.00 часот.

Заватска на стартот исто така со пресврт дојде до победа над Викторија Хрунчакова од Словачка со 3:6, 6:4 и 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот