Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа елиминирана во осминафиналето во Порто

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на челинџер турнирот во Порто во осминафиналната рунда, откако денеска беше поразена од Турчинката Ајла Аксу со 2-0 во сетови.

Мечот траеше еден час и 42 минути, а најизедначена и највозбудлива борба беше видена во првиот сет. Ѓорческа одлично го отвори натпреварот и прва стигна до брејк за водство од 2-1, но Аксу брзо возврати и ја анулираше предноста. Македонската тенисерка повторно направи брејк во завршницата и поведе со 5-4, но токму тогаш турската тенисерка ја презеде иницијативата и со два последователни брејка го сврте сетот во своја корист, освојувајќи го со 7-5.

Во вториот сет Аксу имаше целосна контрола над случувањата на теренот. Со два рани брејка таа брзо создаде сигурна предност и без поголеми проблеми го затвори сетот со 6-2, со што ја обезбеди победата и пласманот во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот