Ѓоковиќ ќе игра на АТП купот во Сиднеј, но останува мистеријата околу настапот во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ беше скандалозно пречекан на аеродромот во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот на пријавени тенисери за настап а АТП Купот кој од 1 до 9 јануари ќе се игра во Сиднеј, Австралија, но се останува мистеријата околу неговиот настап на првиот годинешен грен слем.

Имено, федералната влада во Австралија им овозможи на сојузните држави сами да носат одлуки поврзани со борбата против коронавирусот.

Сиднеј се наоѓа во сојузната држава Нов Јужен Велс каде нема толку ригорозни правила за влез какви што важат во Викторија каде се наоѓа Мелбурн и услов за влез во оваа држава е лицата да бидат вакцинирани.
Ѓоковиќ како дел од репрезентацијата на Србија е пријавен за настап на АТП купот, што значи дека оди во Австралија и медиумите шпекулираат дека тоа е доказ за неговиот настап во Мелбурн.

Но, Ѓоковиќ најави дека конечната одлука ќе ја донесе по одморот иако денеска беше последен ден за пријавување за настап на Австралија Опен. Се претпоставува дека Ѓоковиќ ќе добие подолго време за да го каже својот став, дали е вакциниран и ќе игра во Мелбурн, или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот