Ѓоковиќ или Циципас: АТП листата од понеделник ќе има нов лидер

Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во финалето на Австралија Опен откако во три сета го победи Американецот Томи Пол.
За Ѓоковиќ ова беше рутинска победа со мал пад на концентрацијата, но сепак тоа не влијаеше на конечниот исход. Новак така се пласираше во своето десетто финале на Австралија Опен.
Противник на Ѓоковиќ во финалето во недела ќе биде грчкиот тенисер Стефанос Циципас и тоа ќе биде битка за тронот на АТП листата.
Ѓоковиќ досега собра 1200 бодови и со 6270 бодови на вкупниот поредок е второпласиран. Со триумф во финалето српскиот тенисер би добил уште 800 со што би го прескокнал Карлос Алкараз.
Циципас во овој момент со 6195 бодови е третопласиран, па и тој со победа во финалето може да дојде врвот на АТП листата што значи дека Шпанецот Алкараз од понеделник сигурно нема да биде лидер на АТП листата.