Ниту Томи Пол не беше закана: Ѓоковиќ закажа финале со Циципас!

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Новак Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч и со 3:0 (7:5 6:1, 6:2) во сетови за два часа и 20 минути игра беше подобар од Американецот Томи Пол кој приреди големо изненадување со самиот пласман во полуфиналето.

Со оглед на тоа како Ѓоковиќ одигра против Де Минор и Рубљов , српскиот тенисер важеше за голем фаворит во денешниот меч и таа улога ја оправда. Се држеше Пол денес само во првиот сет кога освои пет гема, но тогаш Ѓоковиќ со брејк во 12-тиот гем го освои сетот.

Вториот сет донесе многу поубедлива игра на Ѓоковиќ, а единствениот гем Американецот го освои при водство на Новак од 5:0. Слична беш и ситуацијата во третиот каде што Ѓоковиќ му дозволи еден гем повеќе.

Во своето 10-то финале во недела Ѓоковиќ ќе игра против грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој претходно го победи Карен Хачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот