Рубљов немаше шанси: Ѓоковиќ сигурно до полуфинале на Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Новак Ѓоковиќ одигра уште еден доминантен меч откако денес го победи Андреј Рубљов со 3:0 во сетови и обезбеди 10-т0 полуфинале на Австралија Опен.

Не доминираше Новак како во претходниот меч со Де Минор, но одново сигурно и рутински Ѓоковиќ за два часа и три минути стигна до победата. Најубедлив Ѓоковиќ беше во првиот сет кој го доби со 6:1.

Во вториот сет Рубљов успеа да освои еден гем повеќе за 6:2, додека во третиот стигна до четири освоени гема, но можеше да се забележи дека Ѓоковиќ има контрола над мечот.

„Не можам да бидам позадоволен од мојот тенис, играм навистина солидно. Сакам да играм на овој турнир кој е најпосебен за мене. На моменти мораш да се прилагодиш поради ветровитото време, гледачите можеби тоа не го забележуваат, но ние на теренот го чувствуваме навистина многу. Андреј е одличен противник и имам голема почит кон него“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

За разлика од првите мечеви во Австралија Ѓоковиќ и денес како и против Де Минор немаше проблеми со повреда. Во полуфиналето Новак го чека најголемото изненадување на турнирот Американецот, Томи Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот