Ѓоковиќ го совлада Шварцман за четвртфинале на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ без загубен сет до триумф над Диего Шварцман/Париз, Франција/29 мај 2022/Фото: Paris, EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако денеска во осминафиналната фаза го елиминираше Диего Шварцман со 3:0 во сетови 6:1, 6:3 и 6:3 за два часа и 17 минути игра.

Ова беше седми дуел меѓу српскиот и аргентинскиот тенисер, и седми триумф за Ѓоковиќ. Ноле во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Феликс Оже-Алијасим (Канада).

Во женска конкуренција Италијанката Мартина Тревизан ја совлада Белорусинката Алиаксандра Саснович со 7:6 (10) и 7:5.

За пласман во полуфиналето Тревизан ќе игра против Канаѓанката Лејла Ени Фернандез која со 2:1 (6:3, 4:6, 6:3) беше подобра о Американката Аманда Анисимова.

Во четвртфиналето се пласираше и Кори Гоф (САД) откако со 6:4 и 6:0 за еден час и 26 минути игра триумфираше над Елиз Мертенс од Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот