Ѓоковиќ доминираше против Сафиулин за осминафинале во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Враќање на терените и на победничките патеки, Новак Ѓоковиќ успешно ја помина првата пречка откако во второто коло на Мастерсот во Монте Карло го совлада Русинот Роман Сафиулин со 6:1, 6:2.

Српскиот тенисер беше слободен во првото коло, а денеска се чинеше дека преку мрежата е спаринг партнер, а не 41 тенисер на планетата. Во првиот сет Ѓоковиќ експресно поведе со 4:1, по што најдобриот во светот мирно го приведе првиот дел до крајот и дојде до почетната предност во сетови.

Русинот одигра нешто подобро во вториот сет, но веќе во четвртиот гем успеа да направи брејк, кој Ѓоковиќ тешко го потврди и повторно поведе со 4:1, а потоа ја запиша првата победа по речиси еден месец.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот Артур Филс – Лоренцо Музети кој е закажан за подоцна вечерва.

За потсетување, српскиот тенисер за првпат стапна на теренот по раната елиминација од Индијан Велс, а ова воедно му е прв дуел откако ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ, а во Монте Карло друштво му прави Ненад Зимоњиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот