Ѓоковиќ: Бев понижен во Австралија…

Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Новак Ѓоковиќ долго време молчеше за тоа што му се случуваше во Мелбурн пред стартот на Австралија Опен, а крајниот резултат од сагата беше негово протерување од земјата и неможност да ја брани титулата на гранд слем турнирот.

Сега по повеќе од еден месец, Ѓоковиќ во интервју за Спортклуб, изјави дека бил понижен во Австралија.

– Се создаде лоша слика за мене. Ме понижија, ако можам да кажам и на светско ниво. Затоа е важно да имам можност секогаш да кажам нешто и доколку некој сака да ме праша било што, јас ќе одговорам. Ќе ги повторувам своите одговори бидејќи немам што друго да додадам освен тоа што го кажав во интервјуто за Би-Би-Си – рече Ѓоковиќ за Спортклуб.

Српскиот тенисер повторно изјави дека нема да се вакцинира против коронавирусот без разлика што таквата одлука сигурно ќе влијае на неговата кариера и во трката за најтрофејниот тенисер во историјата на гранд слем турнирите.

– Вистината е вистина, а мојот став си е мој став. Знам дека луѓето ќе продолжат да ме критикуваат бидејќи одлучив да не се вакцинирам и затоа што имам ставови кои се несфатливи за луѓето. Се надевам дека луѓето доколку не разбираат, барем ќе почитуваат. Не мислам да загрозувам било кого, тоа е моја одлука и свесен сум за последиците. Не е мои раце, не зависи од мене дали ќе одам во Индијан Велс или на други турнири – вели Ѓоковиќ

Српскиот тенисер потоа повторно зборуваше за случувања во Мелбурн. Ѓоковиќ открива дека ниту еден тенисер кој добил виза со медицинско изземање, немал проблеми да влезе во Австралија , се до неговото пристигнување во Мелбурн.

– Направив се што беше побарано од мене. Бев во позиција како и секој друг тенисер. Згледам дека постои уверување дека сум бил привилегиран и сум го добил тој статус поради тоа што сум. Ќе кажам нешто што Би-Би-Си го исече, а јас ќе го повторувам како папагал: сите имаа исто медицинско изземање, јас пристигнав во Австралија, десет дена пред мене дојдоа чешката тенисерка и тренер од Хрватска. Таа настапи на еден турнир, тој без проблеми го тренираше својот тенисер. Оддеднаш настана проблем бидејќи јас дојдов. Поради што? Одговорете ми вие – се запраша Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот