Ги нарекуваа „недопирливи”, беа најпопуларен пар, а потоа актерот ја остави во емисија во живо

профимедиа

Мет Дејмон во деведесетите беше во врска со својата колешка Мини Драјвер, а потоа раскина со неа на неславен начин…

Згодниот холивудскиот актер Мет Дејмон (49) и британската актерка Мини Драјвер (50) беа во врска повеќе од една година откако тој се одлучи да изјави во емисијата на Опра Винфри дека тој во моментот не се гледа со никого.

Актерот Дејмон во 1998 година стана еден од најбараните актери во Холивуд откако доби Оскар за најдобро оригинално сценарио за филмот „Good Will Hunting”.

Тој и Бен Афлек станаа најдобри пријатели, а оттогаш па сè до денес ги знаеме како тандем.
Малку заборавивме на љубовниот живот на Мет во тој период. Актерот во тоа време беше во врска со колешката Мини Драјвер.

Дејмон и Драјвер беа еден од најпопуларните холивудски парови, а медиумите често коментираа дека тие се „недопирливи”.

И навистина беа – сè додека Мет не одлучи да раскине со неа на неславен начин.

Мет и Мини беа пар повеќе од една година кога тој, при гостувањето кај славната Опра Винфри, на прашањето за статусот на својата врска одговори дека не е во врска.

Сето тоа го прокоментирала и Мини по емисијата.

„Штета што Мет го кажа сето тоа додека гостуваше кај Опра. Очигледно му се чинело како погодна ситуација да објави пред целиот свет дека сме раскинале, но и понатаму мислам дека тоа беше непристојно. Секако, еден месец претходно во друго шоу зборуваше колку ме сака и дека ни е супер заедно”, изјави тогаш разочараната актерка по неговото гостување.

Драјевт во тој момент него го сметала за момче, а наводно пред шоуто со неа не разговарал за ништо. 14 години подоцна, Мини во едно интервју изјавила дека била млада и дека потполно била вљубена во Мет. Начинот на кој тој раскинал со неа и го скршило срцето, а кога се присетила на врската, рекла дека и е драго што останале во добри односи.

По прекинот со Драјвер, Мет Дејмон беше во врска со Винона Рајдер кој ја запознал преку тогашната девојка на најдобриот пријател Бен Афлек, Гвинет Полтроу.

Сегашната сопруга Луцијана Баросо ја запозна во 2003 година, а се венчаа две години подоцна и сè уште се во брак.

View this post on Instagram

I love my parents ? #mattdamon #lucianabarroso #oscars

A post shared by Matt Damon (@mattdamonteam) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот