Германија се соочува со недостаток на тоалетна хартија – се краде и од гробишта

Ситуацијата станува сериозна бидејќи тоалетна хартија почнала да се краде и од гробишта.

Пандемијата од коронавирусот предизвика недостаток од поголем број артикли во германската продажба. Меѓу нив и тоалетна хартија. Ситуацијата со недостаток на овој артикал отиде толку далеку што тоалетна хартија се краде и од гробишта.

– До сега сме се соочувале со кражби на метал – бакар и месинг но сега за прв пат од тоалетите распоредени на овој простор се краде и тоалетна хартија, а за да бида работата уште поголема службите кои работат на одржување на гробиштата ги пријавиле кражбите на овој во моментов неопходен артикл.

За да се стави крај на ваквата појава властите одлучиле тоалетите на гробиштата да бидат отворани само за време на погреб.

Иако синџирите супермаркети во земјата велат дека има доволно залихи во магацините со тоалетна хартија, купувачите и понатаму прават сопствени залихи па полиците се постојано празни. Голем дел од трговските синџири одлучиле да се справат со ваквата појава на тој начин што спроведуваат мерки со кои едни лице може да купи само едно пакување тоалетна хартија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот