Германецот му верува на Михајловски: Дисингер верен на Вардар!

фото: инстаграм

Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ исто така не го напуштаат клубот, вели бекот на „црвено-црните“.

Во интервјуто за „Менхајмер Морген“ Кристиан Дисингер потврди дека ќе остане уште една сезона во редовите на РК Вардар.

28-годишниот германски бек се договори со неговиот менаџер Марк Рапарлие и новиот претседател на клубот, Михајло Михајловски да остане во Скопје и покрај финансиските проблеми.

Новиот претседател Михајловски нè увери дека ќе ги добиваме нашите пари секој месец. И немам причина да се сомневам во тоа, бидејќи имам многу добар впечаток за новиот почеток. Јас не сум единствениот играч што мисли така. Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Иван Чупиќ исто така не го напуштаат клубот. Сите ние сакаме да му дадеме на овој „проект“ шанса и веруваме дека можеме да изградиме нешто заедно со неколку нови млади играчи – рече Дисингер.

Можно беше летово да се врати во Бундеслигата, но желбата постоеше пред да се појави коронавирусот.

Го немав чувството дека сакав да одам таму. Искрено, во многу клубови финансиската ситуација не е сигурна, и тешко може некој нешто да ви гарантира. Тука во Скопје им верувам на новите луѓе и беше јасно, доколку нештата одат солидно и амбициите се вистинките, сакам да останам во Вардар. Имам сè што ми е потребно, убав е градот – додаде Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот