Герасимовски потсетува дека веќе пет дена вонредно се трујат глувци во 2.000 шахти во Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку социјалните мрежи потсети дека општината, во соработка со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе пет дена спроведува вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Акцијата има за цел уништување на штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките за заштита на здравјето на жителите“, вели тој и додава дека препаратот што се користи е сертифициран од овластен производител и безбеден за другите животински видови.
„Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за спречување на потенцијални извори на болести“, вели Герасимовски.
И покрај петдневната акција на локалните власти против глодарите, еден глушец успеал да ги избегне замките и вчера каснал дете на игралиште во населбата Капиштец, објави „Сител“.
„Глувците нема да чекаат втор круг“: Пановски апелира веднаш да се исчисти ѓубрето во Скопје
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
11мин
-
20мин
-
26мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


