Ѓубре за време на локални избори 22,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Глушец каснал дете на игралиште во Капиштец

Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца, објави телевизија „Сител“.

На детето, според телевизијата, која објави и лекарски извештај за каснувањето, му била раскрвавена раката. Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага. Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.

Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

„Глувците нема да чекаат втор круг“: Пановски апелира веднаш да се исчисти ѓубрето во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот