Геј парада во сабота во Белград

Геј парада во Белград / 18 септември 2021 / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во инфо центарот Прајд во Белград започна изработката на транспаренти за прошетката по повод геј парадата која е закажана за 9 септември сабота во 16 часот.

Активисти и волонтери пишуваат разни пораки и сликаат цртежи на картон.

Транспарентите ги имаат следните натписи: „6. не убивај.“, „Смрт за патријархатот“, „Почитувај го моето постоење“ „Секој родител боли кога неговото дете е повредено“.

И годинава учесниците на Неделата на гордоста ги обезбедуваат униформирани припадници на полицијата и инспектори на Секторот за јавен ред и мир.

За време на прошетката на 9 септември полициските сили ќе бидат во готовност за интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот