Гебрејесус: Да се обезбеди праведна дистрибуција на вакцините низ светот

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус ги повика денеска сите земји да обезбедат вакцините против коронавирусот да бидат достапни до загрозените насекаде низ светот, а не само за богатите држави.

Гебрејесус побара да се донираат четири милијарди долари за купување на вакцини против Ковид-19 и дистрибуција во земји со ниски и средни приходи преку системот Ковакс.

– Тоа е предизвик на кој мора да одговориме во новата година, истакна Гебрејесус во видео-порака, еден ден пред одбележување на годишнината откако Кина и пријави на СЗО први случаи на воспаление на белите дробови од непозната причина.

Тој оцени дека вакцините се огромна надеж за менување на текот на пандемијата.

– Но за да се заштити светот, мораме да обезбедиме вакцинирање за сите луѓе кои се во опасност насекаде низ светот, а не само во државите кои можат да ја набават вакцината, нагласи генералниот директор на СЗО.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот