Фото: Принтскрин од Flightradar24 / X

ВИДЕО | Попушти предното тркало на авион во Франкфурт, има повредени

Патнички авион „Боинг 787“, управуван од авиокомпанијата „Луфтханза“, доживеа колапс во предниот дел додека беше паркиран на излезната порта на аеродромот во Франкфурт, пишува Дојче веле.

Од „Луфтханза“ соопштија дека во инцидентот биле повредени неколку вработени. Патниците сè уште не биле качени во авионот кој требало да лета за Лос Анџелес.

„Неколку вработени се повредени и во моментов им се укажува медицинска помош“, соопшти „Луфтханза“.

Германскиот национален авиопревозник наведе дека инцидентот во кој бил вклучен „Боинг дримлајнер“ се случил околу 12:45 часот.

Портпарол на „Луфтханза“ изјави дека „предниот дел на авионот неочекувано се повлекол“.

Тој додаде дека на местото на настанот се наоѓаат техничари и помошен персонал, како и дека во соработка со надлежните власти е во тек истрага за точните околности на инцидентот.

„Луфтханза“ ги прекинува летовите меѓу Франкфурт и Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот