Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Џем од јагоди

Бобе Јанкоска / Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – џем од јагоди.

Џемот е дел од основите на слатките кои на прво место ги будат емоциите за задоволство. Во овој џем свежите јагоди се претворени во слатка магија!

Ако го подготвите со шумски јагоди, подгответе се за дивата авантура на вкусови!

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 3 кг јагоди
– 1 кг шеќер
– сок од пола лимон

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Јагодите исчистени и измиени се сечат на ситни парчиња. Се редат во тенџерето што ќе се варат: ред јагоди, ред шеќер и се оставаат во фрижидер, најмалку 3 часа, јагодите да пуштат сок. Се полеваат со сокот од лимон.

Потоа се варат на средна температура додека зовријат, па се намалува температурата и се варат додека да згусне џемот. Во текот на варењето се прави пена која треба да се трга. За да биде џемот мазен, сатенски, откако ќе згусне повеќе од половина го блендираме и мал дел оставаме парченца во џемот, потоа го вариме уште 10 минути на тивок оган.

Топлиот џем се става во топли тегли, се затвараат и се превртуваат на капачето да постојат 15 минути, да се направи вакум.

На здравје сладење!

П.С. Откако ќе отворите тегличка за користење, се чува во фрижидер.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот