Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти

Гари Каспаров/фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг).

„Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година, во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република, е на списокот“, соопшти Росфинмониторинг“, пренесена од руските медиуми.

Судот во Москва веќе го има казнето Каспаров со 30.000 рубљи (повеќе од 300 евра) поради непочитување на законот за „странски агенти“.

Пред еден месец истиот суд го казни Каспаров со 40.000 рубљи (повеќе од 400 евра) поради објави на социјалните мрежи.

Каспаров во мај лани беше ставен во регистарот на странски агенти во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот