ГАЛЕРИЈА: Во Египет откриени над 150 древни статуи и 250 саркофази

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Големо количество антички бронзени статуи и добро сочувани саркофази откриени во египетската Сакара, беа претставени на јавноста во понеделникот, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети, пренесува Си-Ен-Ен.

Археолозите открија реликвии кои припаѓаат на египетските династии закопани во некрополата Сакара во минатото, но најновото откритие го означува првото и најголемото ископување на бронзени статуи во таа област од доцниот период или 5 век пред новата ера.

Откриени се 150 статуи кои се направени по примерот на фараонските богови. Статуите се откриени во текот на египетската археолошка мисија, која од 2018 година прави ископувања 28 километри јужно од Каиро.

Во соопштението се наведува и дека археолозите пронашле бронзени садови за кои се верува дека биле користени во ритуали поврзани со египетската божица на плодноста Изида.

Мисијата открила уште 250 дрвени саркофази во боја со добро сочувани мумии, дрвени статуи, дрвени маски со златна боја и десетици мали фигури на мачки.

Од периодот на Новото кралство, околу 15 век пред новата ера, пронајдено се бронзено огледало, белгзии, ѓердани, обетки и украси за глуждовите, јавува „Си-ен-ен“.

Погледнете ја галеријата:

египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI
египет сахара ново откриени древни
EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот