Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје

На Железничката станица во Скопје викендов започна специјалната новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“, која ќе трае до 30 декември.

Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Претставата е во организација на Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници – Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт.

Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Публиката има можност да го следи волшебното доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија со неговиот магичен воз, преку интерактивна приказна која се одвива на повеќе локации: музејската поставка на Македонски железници, театарска претстава во салон и посета на волшебниот воз, каде секое дете ќе добие подарок од Дедо Мраз.

Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Годинава во соработка со МЖ Транспорт е вклучен и легендарниот реставриран воз „Шпанец“, со кој посетителите ќе можат да патуваат низ Скопје и да другаруваат со ликовите од претставата. Приказната ги следи патешествијата и предизвиците со кои се соочува Дедо Мраз пред да пристигне во Скопје, при што му е потребна помош од неговите елени, џуџиња, Снешко, но најмногу од децата.

Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, текстот и режијата се на Игор Ивковиќ, а реставрацијата и музејската изложба се дело на Ванчо Милошевски. Во претставата настапуваат актерите Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Симона Петрушева, Ведра Димова и Александар Спироски, заедно со околу 40 ученици од училиштето „Од игра до претстава“.

Новогодишен воз - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишен воз – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот