ФЗО разгледува можност породилното отсуство да трае 12 месеци
Фондот за здравство ја разгледува можноста да се зголеми породилното отсуство на дванаесет месеци, истакна директорот на ФЗО Сашо Клековски, додавајќи дека се прават анализи низ кои треба да се утврдат и финансиските импликации од евентуално таквата мерка, но и нејзините потенцијални ефекти.
Препорачано
„Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие боледувања пред и после породорилното поврзани со истиот процес на бременост. Во зависност од тоа може да видиме како може да го подобриме механизмот, бидејќи ако имаме чести пред и потоа боледувања според мене треба да мислиме на промени во системот на породилните отсуства“, изјави Клековски.
По реакциите за доцнење на исплатата на парите за породилно отсуство пак, Клековски вели дека проблемот е што се обработуваат рачно и во тек е воспоставување на стандардизиран систем со кој нема да се повторува тоа во иднина.
„Релиси секој месец има реакции, сите породилни се обработуваат рачно и независно едно од друго. Немаме систем како во Фондот за пензиско, кога на први во месецот сите пензионери примаат пензија. Тоа е така затоа што имаме разлики во почетоците и завршувањата на породилните отсуства. Во април направивме рекордна исплата за боледувања и се обидуваме да најдеме начин како да ги стандардизираме пресметките кои сега се прават рачно во Фондот“, истакна првиот човек на ФЗО.
Тој рече дека Фондот прави анализи и во делот на боледувањата, откако беа утврдени неправилности во нивното користење. Клековски најави дека ќе се зголеми контролата со што би се спречиле во иднина злоупотреби на отсуството од работа поради лажни боледувања.
Жени се жалат дека доцни породилното, ФЗОМ тврди дека исплатите се континуирани


