ФУДБАЛСКО ЧУДО: Му успеа со Наполи, сега и во репрезентацијата! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

ФУДБАЛСКО ЧУДО: Му успеа со Наполи, сега и во репрезентацијата! (ВИДЕО)

Елиф Елмас е една од нашите најголеми надежи, не само во регионот, туку и пошироко.

Денеска од 20.45 часот најдобрата македонска репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе игра против Словенија во седмиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Елиф Елмас кој минатиот месец го прослави 20 роденден, се очекува да започне од првата минута на вечерашниот меч, а и Словенците се свесни дека фудбалерот на Наполи може да им направи многу проблеми.

Од напаѓачите се очекуваат да ги реализираат головите, но и останатите кои ќе бидат на теренот ќе ја имаат таа шанса, а помеѓу нив ќе биде и Елмас.

Играчот на италијанскиот вицешампион изминатиот период преку тренинзите ја темпираше формата за важниот дуел против Словенија, а на еден од нив имаше ново ремек дело.

Повторно во стилот на најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, успеа од невозможна позиција да погоди во мрежата. Пред неколку недели му успеа во дресот на „наполитанците“, а сега и во дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close