Фудбалерот на Левски Димитров по мечот во Скопје: Видовте како се игра на оваа „нива со компири“

фото: instagram.com/fcshkupi1927

Шкупи претрпе пораз од 0:2 против Левски Софија во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Уште пред стартот на овој меч на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје Бугарите се жалеа на лошиот терен.

По завршувањето на мечот тоа го потврди и еден од фудбалерите на Левски Софија, Кристиан Димитров:

– Видовте на оваа нива со компири како се игра. Не знам како можеме да одиграме таков натпревар на таков терен. Не размислувате толку многу во такви ситуации, туку само реагирате. И самите видовте на овој терен со компири како може да се играат натпревари од европските клупски натпреварувања. Специјалисти ќе коментираат за класата на двата тима. Имаме добро водство и се надевам дека ќе победиме и на реваншот – рече централниот дефанзивец на Левски Софија за бугарските медиуми.

Реваншот помеѓу Левски и Шкупи ќе се игра на 3 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот