ВИДЕО: Шкупи пред елиминација, Левски слави во Скопје со головите на Велтон и Роналдо
Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига екипата на Шкупи загуби со 0:2 од Левски Софија.
Препорачано
Македонскиот претставник е пред елиминација од натпреварувањето и ќе му треба чудо на реваншот кој ќе се игра на 3 август за пласман во следната фаза.
Бугарите водеа по првото полувреме со 0:1, стрелец на голот беше Велтон во 31 минута од средбата на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Вториот погодок беше реализиран во финишот на второто полувреме, уште еден Бразилец, Роналдо, ја затресе мрежата на Илјази за поставување на конечниот епилог.
Победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло ќе игра со подобриот од пресметката Х. Беер Шева (Израел) – Паненезис (Литванија). Во првиот меч Израелците триумфираа минимално со 1:0.
? Shkupi 0-1 Levski Sofia
⚽️ Weltonpic.twitter.com/xOLwMHUlrX
— FootColic ⚽️ (@FootColic) July 27, 2023
? Shkupi 0-2 Levski Sofia
⚽️ Ronaldopic.twitter.com/tZbtzVhMaK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) July 27, 2023


