Фреди е највисокото куче во светот, високо повеќе од два метри: Неодамна собори уште еден рекорд (ФОТО)
Германската дога Фреди во 2017 година го собори светскиот рекорд. Тој беше прогласен за највисокото куче на светот. Кога ќе застане на задните нозе, достигнува висина од 2,13 метри, што е за седум ипол сантиметри повеќе од просечниот кошаркар.
Звучи неверојатно, но Фреди минатиот месец повторно се впиша во Гинисовата книга на рекорди. Овој пат како најстарата жива германска дога.
Семејството му организираше посебна роденденска забава за 8-от роденден која вклучувала роденденска торта за кучиња и бројни други грицки кои тој ги обожава.
Како и бројните други големи кучешки раси, така и германската дога има краток животен век. Тие живеат најмногу 8 или ретко 9 години, а просекот е од 6-7 години.
– Среќна сум што се уште го имам Фреди. Ужасно е размазен и добива се што ќе посака, откри неговата сопственичка.
Сопствениците признаа дека за неговата храна и грижа месечно издвојуваат околу 500 евра.