„Франс Фудбал“ демантираше дека Меси е освојувач на „Златната топка“

Лионел Меси заедно со Карим Бензема и Роберт Левандовски се кандидати за „Златната топка“ 2021/Фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Португалската телевизија РТП денеска објави дека Лионел Меси е добитник на „Златната топка“ за 2021.

Откако оваа информација ја пренесоа сите светски медиуми, директорот на престижниот „Франс Фудбал“ (весникот која ја доделува највисоката индивидуална награда во светот на фудбалот) Паскал Фере жестоко ја нападна португалската телевизија тврдејќи дека тоа е лага.

– Таа информација е едно големо сра*е, како и многу други работи во последните десет дена. Голем блеф – рече Фере.

Минатата сезона Меси ја освои Копа Америка со репрезентацијата на Аргентина и беше најдобар стрелец во шпанската „Ла Лига“ со 30 постигнати голови.

Заедно со Меси, главни кандидати за наградата за најдобар во светот се уште Роберт Левандовски и Карим Бензема, а победникот ќе биде познат на 29 ноември 2021 година. Аргентинецот Меси е рекордер со дури шест „Златни топки“.

Видео на денот