Француското обвинителство го заврши обвинението за терористичките напади од 13 ноември 2015 година

Фото: EPA-EFE/Frederic Scheiber

Националното анти-терористичко обвинителство денеска побара судење против 20 лица во истрагата за терористичките напади од 13 ноември 2015 година, вклучувајќи го меѓу нив и Салах Абдеслам, единствениот жив член од терористичката група која ги изврши нападите во Париз и Сен Дени, јавува дописникот на МИА.

Судење за нападите од 13 ноември 2015 година треба да се одржи во 2020 година, аобвинението е нова судска фаза. Според француските медиуми, конечното обвинение на Националното обвинителство за борба против тероризмот е документ од 562 страници крајно прецизен и детален, кој изутринава им бил пренесен на страните, одбраната и граѓанските страни.

Јавниот обвинител бара испраќање пред специјален кривичен суд 20 обвинетите лица, од кои за шестмина има налози за апсење и кои веројатно нема никогаш да се појават пред судот за овој најсмртоносен терористички напад во Франција. Нападот можеше да биде уште посмртоносен, бидејќи „Ако Франција беше главна мета на терористите, нивната првична цел беше поширока (…) тие јасно планираа симултан напад на аеродромот во Амстердам”, пишува националниот обвинител за борба против тероризмот во своето последно обвинение.

Во срцето на овој напад во ноември 2015 година, е терористичката ќелија која почивала на „два столба”, „артикулирани околу поединци кои и се приклучија на Исламската држава (…) и кои имале интензивна верска и паравоена обука “- вкупно 23 лица, од кои некои починаа – и„ засилени од поединци кои останаа во Белгија, но во најголем дел се придржуваа до застрашувачките тези на Исламската држава “.

Од летото 2015 година, терористичката Исламска држава навистина одлучи да ги испрати своите регрути во Белгија, со цел да формира терористичка ќелија, наменета да изврши серија напади од големи размери во Европа и особено во Франција.

А, од 1 септември 2015 година, со пристигнувањето на Шакиб Акрух и Билал Хадфи – двајца членови на напаѓачката група од 13.11.2015 година, сега починати – „терористичката ќелија станува вистински оперативна, и подготвена да ги погодува Европа и Франција “, анализира обвинителството.

Потоа, „месеците септември, октомври и ноември 2015 година беа посветени на производство на експлозивни ремени и на пронаоѓање на калашникови”.

Во списокот на обвинетите: единствениот преживеан од командосите, Салах Абдеслам, според обвинителството е „радикализирана индивидуа, тотално наклонета на тезите на Исламската држава”, може да се прочита во обвинението, кој „самата вечер на нападите се обиде да го активира својот експлозивен појас”. Но, веројатно поради дефект не експлодира, покажала истрагата.

За Салах Абдеслам, кој сега има 30 години, обвинителството, според еден од неговите блиски, бара да му се суди за „убиства во организирана банда, во врска со терористички потфат” и „злосторнички заговор за терористички активности”. Обвинителството притоа појаснува дека „целта на терористите беше да извршат координирани и истовремени напади. (…) Затоа, секој од десетте терористи присутни во Париз и Сен Дени мора да се смета за коавтор на сите напади од 13 ноември “.

Од вкупно 20 лица за кои Националното обвинителство за борба против тероризмот побара им се суди, петмина се предмет на меѓународни потерници за апсење и се мртви во Сирија. Браќата Жан-Мишел и Фабиен Клин, на пример, кои ја презедоа одговорноста за нападите, биле цел на воени акции во Сирија. Усама Атар, исто така претставен како нарачател на овие напади и назначен „во текот на 2015 година на чело на ќелијата за надворешните операции, структура на Исламската држава, создаден во 2014 година за да планира напади надвор од Ирачко-сириска зона “, анализира обвинителството. Сепак, на овие џихадисти, доколку истражните судии ги следат документите на обвинителството, ќе им се суди за време на судењето за нападите од 13 ноември.

„Всушност, со оглед на ситуацијата на лице место, форензичките операции, а особено собирањето ДНК на труповите, се многу комплицирани. Затоа, потребно е да се биде во можност научно да се потврдат нивната смрт, засегнатите терористи мора да се сметаат за претпоставувани за мртви, и затоа не може да укине обвинението против нив, и затоа мора да се задржи налогот за апсење“, смета обвинетелството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот