Фото: Jelena Vujic / Alamy / Alamy / Profimedia

Франција е на чекор да им ги забрани социјалните мрежи на децата под 15 години

Француската влада одлучи да ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на лица под 15 години и да ја забрани употребата на телефони во средните училишта од почетокот на идната учебна година, пренесе „Ројтерс“.

Нацрт-законот што содржи два члена, во кој имал увид весникот „Монд“, е завршен и треба да се разгледа на почетокот на јануари.

Француската влада се надева дека законот ќе биде усвоен во првиот квартал за да ги заштити малолетниците, кои се соочуваат со „високи ризици кои се очигледни и документирани поради масовната употреба на опрема и одредени дигитални услуги“ на мрежите, вклучувајќи ги Фејсбук, Снепчет, ТикТок и Јутјуб.

Тинејџерите во Австралија тагуваат поради губењето на пристапот до социјалните медиуми: Дојде крајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот