Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Светски познатиот диџеј Стив Аоки ги прошета уникатните патики од нашиот Сатја Грабулоски на Формула 1

Македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски, познат по својот бренд „Свитхадот“ и изработка на уникатни и оригинални патики, повторно го привлече вниманието на светот – овојпат со креација специјално изработена за светски познатиот диџеј Стив Аоки.

Во дизајнот на патиките, кои Аоки ги прошета на Формула 1 во Лас Вегас главниот мотив се пози од главните ликови од аниме-приказната „Хироквест“ (Hiroquest: Gensis & Double Helix) создадена од Стив Аоки и Џим Кругер.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Прва прошетка по патеката на Формула 1 со единствената легенда од Лас Вегас – Стив Аоки… Гласно, електрично и полно со енергија, исто како Стив!“, се вели во објавата на инстаграм-профилот на македонскиот дизајнер.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Како што открива Сатја ова е петти пар уникатни патики изработени за познатиот диџеј, а дизајнот на овие патики не е достапен за репродукција.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Уникатните, рачно изработени дизајни на Грабулоски ги носат најголемите имиња од спортот, музиката и шоу-бизнисот – од Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, до Дуа Липа и Снуп Дог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)

Интервју со Сатја Грабулоски, уметник и дизајнер: 400 светски ѕвезди ја носат мојата уметност, но никогаш не заборавам од каде почнав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот