ФОТО+ВИДЕО | Роденденско изненадување: Милена Антовска од сопругот доби нов автомобил – водителката трогната
Македонската водителка Милена Антовска Станковска вчера го прослави својот роденден, но и третиот роденден на ќерката Јоана во кругот на семејството и пријателите во еден скопски локал.
Препорачано
Имено, Милена е родена на 13 јануари, а нејзината втора ќерка Јоана е родена на 14 јануари, па гордата мајка реши овие два значајни датуми за нивното семејство да ги спои и да направи една голема забава. По детскиот роденден на малата принцеза, продолжи забавата за возрасните.

Облечена во сребрена блуза со светки и кратко здолниште, Милена уживаше во добрата музика со најблиските кои ѝ донесоа подароци и многу цвеќиња. Но, нејзиниот сопруг Гордан ѝ ја направи уште поубава забавата на Милена, откако реши да ѝ го покаже роденденското изненадување.

На видеото кое водителката го сподели на својот инстаграм-профил може да видиме дека Гордан ѝ подарил нов автомобил за роденденот, а таа остана без зборови. Милена несомнено изгледаше воодушевено од романтичниот потег на саканиот.


Интервју со Милена Антовска-Станковска, ТВ-водителка: Со три женски дома на Гордан не му е лесно


