ФОТО+ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ направи шоу во Белград: Свиреше на саксофон со хрватскиот музичар Хаусер
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја воодушеви белградската публика на концертот на Стјепан Хаусер во „Белградската арена“, кога се качи на сцената и се испроба во свирење саксофон.
Препорачано
Инаку, Стјепан Хаусер е познат и како поранешен член на хрватското инструментално дуо „Ту челос“, заедно со својот колега Лука Штулиќ.
Ѓоковиќ е една од оние јавни личности кои ја ценат уметноста, во секоја форма, па не е големо изненадување што присуствуваше на концертот на хрватскиот виолончелист, заедно со неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Сепак, тенисерот изненади кога се качи на сцената, ја поздрави публиката и се испроба во свирење саксофон. По големиот аплауз од публиката, Ѓоковиќ ја отсвири песната „Conga“ со Хаусер.
Novak Djokovic playing the saxophone at a Hauser concert ? pic.twitter.com/zQywhfDLjs
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 24, 2023
„Брате, ти благодарам за феноменалниот концерт и енергијата што ја донесе во Белградската арена. За три години, заедно настапуваме“, напиша Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер на сите времиња му подари тениско топче со својот потпис на хрватскиот музичар.


