ФОТО+ВИДЕО | „Не е можно ова да е Мадона!“: Новото непрепознатливо лице ги шокираше сите на Греми

На 65-тото доделување на Греми награди, кое се одржа синоќа во Лос Анџелес, се појави и поп кралицата Мадона, овој пат во улога на презентерка. Мадони ги најави Сем Смит и Ким Петрас и нивниот хит „Unholy“, песна која е наградена во категоријата поп-дуо/групна изведба.
View this post on Instagram
Кралицата на попот на сцената се појави во монохроматско издание, избирајќи долго црно здолниште со шлиц на страна, и подолго црно палто со необичен крој, со големи џебови и истакната половина. Мадона се одлучи и за нетипична фризура во стил на принцезата Леа од филмот „Star wars“. А, целиот стајлинг го надополни со мрежасти ракавици, обетки во форма на крст и светкави прстени, како и со детаљ во нејзин стил – кожен камшик, кој цело време го држеше во рацете.
View this post on Instagram
Но, она што привлече многу повеќе внимание од модниот стил беше лицето на Мадона – дефинитивно поинакво од кога било досега и видно подмладено.
View this post on Instagram
Да потсетиме, поп-ѕвездата веќе неколку години е мета на критики поради нејзината опседнатост со естетските корекции, како и употребата на фотошоп на фотографиите на Инстаграм. Но, овој пат дефинитивно не се работеше за уредување на фотографии, на сцената беше јасно дека 64-годишната Мадона повторно ги посетила естетските хирурзи. Секако, по нејзиното синоќешно појавување, не изостанаа реакциите на публиката.
View this post on Instagram
„Што се случи со лицето на Мадона“, „Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице“, „Таа навистина се зафркна“, „Таа изгледа како имитатор на Мадона, додека на екранот позади одат фотографии од вистинската Мадона“, „Мадона изгледа добро за своите години… ако таа е всушност 2.700 години стар вампир, кој јаде бебиња и мали животни“, се само дел од многуте коментари на социјалните мрежи.
Madonna looks good for her age… if her age is 2,700 year old vampire who eats babies and small animals alive. pic.twitter.com/pnJfkhgmAO
— Tim Young (@TimRunsHisMouth) February 6, 2023
ВИДЕО | „Ова е толку тажно“: Мадона ги шокираше обожавателите со својот изглед без шминка