ВИДЕО | Продолжува да шокира: Мадона со нова бизарна објава

Фото: Скриншот/Инстаграм/Мадона

Кралицата на поп-музиката, Мадона продолжува да ги загрижува обожавателите со објавите на социјалните мрежи.

Имено, таа неодамна објави снимка на која носи црна маска од тантела, а во устата има црн камшик.

Голем дел од нејзините фанови се непријатно изненадени од сѐ побизарните фотографии и снимки на Мадона и се во голема мера разочарани од однесувањето на нивната омилена музичка уметница.

„Ве молам, некој нека ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и губи обожаватели побргу отколку што потона Титаник“, напиша еден нејзин следбеник на Инстаграм.

Од друга страна, пак, некои од нив застанаа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна уште од почетокот на кариерата.

„Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Вам ви е непријатно поради нејзините постапки, а уметноста токму тоа треба да го прави – да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо“, искоментира еден нејзин обожавател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот