ВИДЕО | Слушете го „Break My Soul -The Queens Remix“: Одличен музички спој и прва соработка меѓу Мадона и Бијонсе
Кога кралицата на поп – музиката Мадона, и американска Р&Б дива Бијонсе кога ќе ги спојат своите квалитети и музика, резултатот е „Break My Soul (The Queens Remix)“. Еден од најголемите хитови на Бијонсе „Break My Soul“ во спој со легендардиот „Vogue“ на Мадона ги воодушеви фановите на поп и Р&Б музиката.
View this post on Instagram
Бијонсе го промовираше ремиксот на својот голем „Break My Soul“ кој содржи фрагменти од хитот на Мадона „Vogue“ од 1990 година. Имитирајќи го говорниот дел на Мадона во „Vogue“, Бијонсе набројува влијателни имиња на жени кои ги направиле значајни промени, биле храбри во своото време и направиле трајни промени во име на сите жени во светот, вклучувајќи го и името на нејзината сестра Соланж Ноулс.
Меѓу имињата кои се спомнуваат се : Кралицата Мајка Мадона, Нина Симон, Бети Дејвис, Соланж Ноулс. Лорин Хил, Роберта Флак, Тони, Џенет, Тира Век. Миси, Алија, Розета Тарп, Сантиголд, Беси Смит, Дајана, Грејс Џонс, Арета, Анита, Грејс Џонс…
View this post on Instagram
Овој брилијантен ремикс е воедно и прва соработка меѓу Мадона и Бијонсе.